Подобрена безбедноста во патниот сообраќај

18.03.2015 15:06 | KumanovoNews

Во 2014 година како резултат на повеќе сообраќајни контроли подобрена е безбедноста во сообраќајот во Куманово, тврдат од кумановската полиција.

Подобрена безбедноста во патниот сообраќај

Лани во градот се случиле 418 сообраќајни незгоди, или за 7.1 отсто помалку во однос на 2013 година кога имало 450 сообраќајки.

“На превентивно репресивен план преземени се мерки поради управување возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола, како и управување технички неисправно или нерегистрирано возило од јавен сообраќај исклучени се 1.043 возачи и 766 возила. Алкотест е употребен во 3.419 случаи, при што 367 лица покажале знаци на алкохолизираност, додека пак времено се одземени 337 возачки дозволи“ - стои во извештајот.

По преземените мерки, за сторени сообраќајни прекршоци поднесени се вкупно 8.089 барања за поведување на прекршочна постапка, врачени се 6.397 покани за наплата на глоба, од кои 324 се наплатени и издадени се 5.124 платни налози за наплата на глоба, од кои 809  се наплатени.

Од страна полициски службеници со специјално возило „Пајак“ се подигнати вкупно 844 автомобили, а на лице место платиле глоба вкупно 788 возачи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk