Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
„Се повеќе новинарки се изложени на дискриминација во однос на работните обврски, во плати, на психичко, физичко и на интернет малтретирање“, - велат од ССНМ
Самостојниот синдикат на новинари во Македонија (ССНМ) дава поддршка и му се приклучува на Маршот за женски права, во организација на Платформата за родова еднаквост, кој ќе се одржи утре во 12 часот во Скопје.
„На 8 март 1977 година Обединетите нации го востановија Меѓународниот ден со кој се одбележува борбата за правата на жените. Денес, 40 години подоцна, кога се повеќе жени новинарки се изложени на дискриминација во однос на работните обврски, во плати, кога се изложени на психичко, физичко, а во последниве години и на интернет малтретирање наша одговорност како Синдикат и како новинари е да го подигнеме гласот за родова еднаквост. Ако работничките на Newsweek пред речиси половина век први во историјата поднеле тужба против дискриминација, не смееме да дозволиме во 21-от век да ни недостасува храброст и солидарност. Медиумите не можат да бидат слободни доколку женските гласови се замолчени. Затоа ССНМ дава поддршка и му се приклучува на Маршот за женски права, во организација на Платформата за родова еднаквост. За еднакви права, еднаква плата, достоинствен третман и должно почитување!, - соопштуваат од ССНМ.
Настанот е во организација на граѓанската иницијатива „Бори се женски“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk