Полуподземни контејнери се поставуваат на повеќе локации во Куманово

03.04.2025 19:10 | KumanovoNews

Нови 40 полуподземни контејнери ќе се постават на повеќе локации во градот. Местата ги одредува Секторот за комунални работи.

Полуподземни контејнери се поставуваат на повеќе локации во Куманово

„Завршивме со поставување на 4 полуподземни контејнери на Градските гробишта, и на две локации по два контејнери по должината на „11 Ноември“. Продолжуваме на улицата „Боро Прцан“, „Б. Богдански- Гуцман“, „Тоде Думба“, „Трета МУБ“ и „Моша Пијаде“. План е да се постават 40 садови за смет од постојната залиха. За останатите локации каде ќе бидат поставени одлучува ресорниот општински сектор“, објаснува директорот Ненад Стојановски.

За набавка на дополнителни нови вакви контејнери претпријатието аплицира на одредени проекти од меѓународни јавни повици и конкурси, и се надеваат дека во скоро време ќе имаат можност и самостално да набават дополнителни количини.

Подземните контејнери се естетски прифатливи, помагаат против непријатна миризба и околу расфрлање на смет во нивна околина. За работниците на „Чистот и зеленило“ се многу поекономични, полесни и побрзи за пранење во однос на обичните. Нивната зафатнина е 5 пати поголема од обичните- зафаќаат 5,5 метри кубни.

Тие се и поотпорни на амортизација, најчесто се оштетуваат од неправилна употреба на несовесни граѓани кои фрлаат жар и пепел од печките во зимскиот период, кои ги потпалуваат или градежен шут и кабаст отпад кои механички го оштетуваат.

Стојановски апелираше до граѓаните да се придржуваат до правилата за депонирање на комунален смет, а ги повика и инспекциските служби да ја следат состојбата и да санкционираат по потреба. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk