Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вкупно 19 правни субјекти и поединци се предложени за Ноемвриската награда, која се доделува секоја година како највисоко општинско признание.
Во трката за оваа награда меѓу кандидатите има писатели, здравствени установи, невладини организации, новинари, просветни работници и други.
Од областа култура предложени се писателите: Бобан Богатиновски и Божана Трајковска, претседател на Друштвото на писателите Куманово. Од воспитно - образовната дејност номинирани се Мерилин Стојчевска директорка во ОУ “11 Октомври“, Џулијана Илиевска учителка во ОУ “Вук Караџич“, Драган Илијевски и Мухамед Зекири. Од невладините организации во конкуренција е “Центар за меѓукултурен дијалог“. Од областа на спортот предложен е Драган Ристиќ, од уметноста слиикарот Момчило Аврамовски, од пензионерите Спиридон Николовски, од новинарите Татјана Антиќ, од безбедноста Виктор Димитриевски, Кирчо Соларски од здружението „Коледари„ и Ѓорѓи Спасовски за достигнувања во катастарско работење и урбано уредување на градот. На листата се најдоа и угостителските објекти ДПТУ “Колди“ Горан ДООЕЛ, кебапџилница “Корнер“ и етно ресторанот “Баба Цана“. Номинирани се и Водостопанство “Кумановско - Липковско поле“, чевларската фабрика “Биана“ и ПЗУ “Зана“.
Кој ќе ја добие престижната награда ќе одлуат членовите на Комисијата за доделување на награди и признанија при Советот на Општината, а наградите ќе бидат доделени на Свечената седница, која ќе се оддржи на 11 Ноември на Денот на ослободувањето на Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk