Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стапија на сила законските измени за поедноставување на процедурите за поставување на фотонапонски електроцентрали на објектите,до 6kw за домаќинставата и до 40 kw за компаниите.
Клучна измена е што не се потребни административни постапки и не е потребно издавање на одобрание /решение за градење од локалната самоуправа. Сите заинтересирани на тој начин ќе можат најбрзо и по најповолни услови да постават фотоволтаици среде најголемата светска енергетска криза.
„Клучно е што процедурата е без административни постапки и не е потребно издавање на одобрение/решение за градење од локалната самоуправа. Инвеститорите се сега должни само да ја известат општината и да ги достават потребните документи. За правни лица ќе биде потребен извод од Централен регистар, а за физички лица копија од лична карта, потоа имотен лист за објектот на кој се поставува и основен проект. Контролата дали се поставени фотоволтации како што е предвидено со проектот ќе ја вршат општинските инспектори“, се вели во соопштението од Владата.
Ова практично значи дека барањето треба да содржи лична карта, имотен лист за објектот кој е предвиден за поставување(со право на сопственост), доколку името не е во сопственост на инвеститорот потребен е договор или согласност од сопственикот на објектот и основен проект за фотонапонска електроцентрала. Со измените се предвидува посебна постапка за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти, без издавање на решение за поставување, од страна на потрошувачи-производители кои произведената електрична енергија ја користат за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведената енергија го предаваат во електродистрибутивна мрежа.
Измените во Законот за градење се донесени со цел за олеснување на инвестициите на граѓаните за обезбедување на електрична енергија.
„Владата работи во интерес на граѓаните и на стопанството, за убалжување на последиците од најголемата светска енергетска криза. Покрај приоритетното обезбедување со електрична енергија и храна, се инвестира во проекти за зголемување на енергетската независност, развој на зелена економија и подобар животен стандард“, потенцира Владата
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk