Поефтинуваат горивата ноќеска од полноќ

10.08.2015 13:06 | KumanovoNews

 Малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 се намалуваат за 3,50 денари, и од полноќ цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67,  а на Еуросупер БС-98 69 денари,  информираат од Регулаторната комисија за енергетика.

Поефтинуваат горивата ноќеска од полноќ

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2 денари за литар и со тоа цената на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 51 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,50 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,404 денари, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 27.07.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 23,287 денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk