Поетесата Сања Атанасовска добитник на наградата „Караманов“

30.11.2017 10:38 | KumanovoNews

Поетесата Сања Атанасовска од Куманово е добитничка на традиционалната книжевна награда „Караманов“ за најдобра поетска книга за автори до 35 години, за поетскиот ракопис „Стаклена градина“.

Поетесата Сања Атанасовска добитник на наградата „Караманов“

„Збирката содржи 54 песни исто како и претходните две, од кои едната е само во електронска верзија. Темите кои ме инспирираат се љубовта како вечна тема, меѓучовечките односи, времето во кое живееме“. - изјави Атанасовска.

Атанасовска по професија е новинар, а во 2015 година ја издава збирката поезија „Писмото на десетте прсти“ која е добитник на наградата „Лесновски ѕвона“. Во 2017 година со помош на Фондација Македоника ја објавува електронската збирка поезија „Тапија од животот“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk