Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поетесата Сара Ѓорѓиоска од Куманово, последниве години освои многу награди на литературни конкурси во земјава и странство.
Taa има само шестнаесет години, ученичка е во гимназијата “Гоце Делчев“, а зад себе има две збирки поезија “Тајнопис“ и “Кога ноќта го допираше срцето“, а во меѓувреме подготвува и трета книга.
“Јас веќе одамна не ја “барам“ инспирацијата, затоа што таа секогаш наоѓа начин да дојде самата до мене, обично чекајќи некоја клучна секунда. За мене поезијата е важна, затоа што дава нота на нежност во овој груб свет кој не опкружува. За да се пишуваа поезија чувствата кои ќе станат основа на лиричноста треба да бидат чисти како солза, соголени до коска. За да се добие таа бистрина на емоциите важна е само перцепцијата на она уметничкото и инспиративно, а тоа е скриено во најобичните сегменти од животот. Сметам дека авторите треба да го усовршат начинот да создадат свој сопствен уметнички простор, каде што емоционалната експресија ќе биде заштитена од надворешни влијанија и ќе остане оригинал“- вели поетесата.
Сара била финалист на меѓународна поетска школа за креативно пишување оддржана во Охрид во 2013 година, освои прва награда на литературниот конкурс „Мојата најубава песна“ во 2013, и второ место на истоимениот конкурс година подоцна. Освоила прво место на „Меѓународниот Фестивал на Алекса Шантиќ“ за деца поети во Мостар 2014, била најмлад финалист на поетска манифестација – Будимпешта 2014, финалист на меѓународна поетска манифестација Детско Царство - Бања Лука 2014, напишала најзаводлива љубовна песна за меѓународниот поетски фестивал за Денот на вљубените - Мркоњиќ Град 2014, била финалист на меѓународна поетска манифестација „Машта и снови“ во Сремска Митровица во 2014 година. Таа доби прво место на меѓународен поетски фестивал во Нови Сад во конкуренција на средношколци, диплома од Сојуз на просветни работници на Македонија, дипломи и пофалници од Друштво на писатели на Куманово, беше финалистка и добитничка на диплома за „Најмлада поетска искра“ на поетското збиднување „Литературни искри“ во Гостивар годинава. Ѓорѓиоска зема трета награда за книгата поезија „Кога ноќта го допираше срцето“ од културно-уметничкото друштво „Нова“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk