Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поети од повеќе градови, членови на групата “Поезија за душа“ денеска читаа поезија во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.
Пред кумановци со свои творби се претставија автори од Куманово, Струмица, Кавадарци, Гостивар и Кочани. Целта на ова поетско читање е да се популаризира и промовира пишувањето поезија.
Групата е формирана на социјалната мрежа фејсбук и така сите сплотени се собравме, се договоривме да направиме една поетска дружба. Гостите ќе читаат по една или две песни. Некои од авторите допрва почнуваат да пишуваат, а некои се веќе афирмирани и имаат издадено повеќе книги - вели Даница Петровска, поетеса од Куманово.
Основачот на групата “Поезија за душа“ е Милица Паулус по потекло од Кавадарци, а живее и твори во Германија.
Пишувам поезија многу одамна, имам своја замисла и креативност. Познавам доста поети кои добро пишуваат и сакав да соработуваме, затоа сакав своја група за да се подигне поезијата и во Македонија на едно повисоко ниво. На германски имам четири книги, две за деца и две за млади и во пет антологии имам раскази и песни. Две збирки се готови на македонски јазик и почнав роман на македонски да пишувам - изјави Паулус.
Ова е второ дружење на поетите од групата “Поезија за душа“ и нивна желба е во иднина да објават и групна збирка.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk