Поетска вечер по повод 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ во Занаетчискиот дом во Куманово

25.11.2024 09:31 | Оливера Пешевска

Поетската вечер „85 години од издавањето на Бели Мугри од Кочо Рацин“ ќе се одржи во вечерва /понеделник/ со почеток во 18 часот во Занаетчискиот дом во Куманово. 

Поетска вечер по повод 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ во Занаетчискиот дом во Куманово

Организатор е Владимир Христов од Куманово, а ќе настапат десетина млади поети од Куманово, Скопје, Вевчани и Ресен, кои покрај нивните лични творби ќе прочитаат и песните од познатата стихозбирка на  Рацин.

На 25 ноември во 1939 година е издадена стихозбирката во Самобор, Хрватска.

„Настанот е закажан токму на датумот на издавањето и на јубилејот 85 години од излегувањето на „Бели мугри“. Го организирам на сопствена иницијатива, финасиски самостојно, а зад мене застана Ленка- Движење за социјална правда. Немам ниту поддршка, ниту финасиска помош од општината или од државните институции“, истакна Христов.

„Бели Мугри" е меѓу првите стихозбирки објавени на македонски јазик, составена е од 12 песни, од кои 2 се циклуси (со по 6 и 7 песни). Песните се социјални, алудирајќи на отуѓеноста, експлоатацијата и страданијата на работникот. Од друга страна, самиот наслов укажува на борбеноста и револуционерноста на Рацин кој низ мачнината на стиховите вдахнува надеж за посветли утра. Оваа збирка, како начело и парадигма, ја претставува македонската суштина, историја и култура.

Влезот е слободен за сите заинтересирани.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk