Поетско читање „Илинденска секавица“ во Центарот за култура во Куманово

31.07.2023 12:01 | Оливера Пешевска

Во фоајето на Центарот за култура во Куманово, вечерва во 18 часот  ќе се одржи поетска вечер насловена како „Илинденска секавица 2023“.

Поетско читање „Илинденска секавица“ во Центарот за култура во Куманово

Настанот е во организација на НЦУК „Трајко Прокопиев“, Организација на жени „Нада Михајлова“ и Поетскиот клуб „Обденица“ и се одржува традиционално по 15-ти пат.

Секоја година поетите и членови на „Нада Михајлова“ на свој начин придонесуваат за прославата на големиот празник Илинден.

„За вечерва се најавени музички точки, мал драматуршки приказ-хумористичен скеч и поетско читање на сопствени дела на членови на поетскиот клуб „Обденица“. Како гости се најавени Никола Костовски, Мице Дудучки и Иле Наумов, но листата на оние кои ќе настапат се уште се доработува и прецизира. Организацијата на жени „Нада Михајлова“ на овој начин веќе петнаесетта година по ред го одбележува националниот празник Илинден“, изјави Елена Ѓорѓевска,литературен соработник во Центарот за култура.

      Влезот е слободен за сите заинтересирани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk