Поетско читање во “Зафир Сајто“

19.11.2012 10:03 | KumanovoNews

 Во Домот за стари лица “Зафир Сајто“ поетите од Друштвото на писатели Куманово денеска ќе организираат поетско читање.

Поетско читање во “Зафир Сајто“

- Датумот се поклопува со Денот за стари лица и ќе гледаме приоритет да ни бидат творбите кои се посветени на оваа популација. И порано многупати го посетувавме Домот за стари лица “Зафир Сајто“. На средбата ќе учествуваат десетина поети, а ќе има и две музички точки, поточно два дуета со членови на Здружението на пензионери - вели Божана Трајковска, претседател на Друштво на писатели Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk