Поевтинуваат бензините од полноќ

11.07.2016 12:27 | KumanovoNews

Бензините од полноќ поевтинуваат за 1,5 односно 2 денари по литар, додека дизелот е поевтин за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Поевтинуваат бензините од полноќ

Малопродажната цена на „еуросупер БС“ од 95 октани ќе изнесува 61 денар, додека „еуросупер БС“ од 98 октани ќе изнесува 63 денари.

Новата цена на „еуродизелот“ ќе биде 49 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 37,50 денари. За 1,125 денари поскапува килограм мазут М - 1 НС и ќе чини 22,913 денари.

Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика корекците се извршени врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и курсот на доларот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk