Поевтинуваат горивата

23.01.2017 17:47 | KumanovoNews

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар до денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Поевтинуваат горивата

Намалување за еден денар ќе има на Еуросупер БС-95, Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство, а за половина денар на Еуросупер БС-98.

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 66 денари за литар, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 66 денари за литар, на Еуродизелот ќе изнесува 52,5 денари и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 41 денар  за литар. додека Еуросупер БС-98 се намалува за половина денар и ќе изнесува 68,5 денари за литар.

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,33, односно за 1,58 отсто.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk