Поевтинуваат горивата

12.06.2017 12:34 | KumanovoNews

 Малопродажните цени на бензините од полноќ се намалуваат за денар и пол, а на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за два и пол денара, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Поевтинуваат горивата

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 62,5 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 64,5 денари за литар.

Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 48 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство за 36,5 денари за литар.

За 1,176 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 25,206 денари за килограм.

Со одлуката на РКЕ се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,52, односно 4,17 отсто.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk