Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари, цената на дизелот се намалува за еден денар, а на екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,3 отсто во споредба со претходната одлука.
Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 75,5 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 77,5, еуродизел БС (Д-Е V) за 69,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 69,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,605 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 39,583 денари.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk