Поевтинуваат горивата, бензините за 0,5, а дизелот за 1,5 денари

07.09.2020 12:31 | KumanovoNews

 Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе се намалат, бензините за  0,5 денари, а дизелот за 1,5 денари. Намалувањето  е резултат на пад на цената на суровата нафта на светските берзи.

Поевтинуваат горивата, бензините за 0,5, а дизелот за 1,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија со денешната одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,73 проценти, соопшти дека од вечерва на полноќ Еуросупер БС-95 ќе изнесува 59,50 денари за литар, додека малопродажната цена на БС-98 ќе изнесува 61,50 ден.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 50,50 денари за литар. За 1 денар за литар се намалува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 50,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС  ќе изнесува 25,956 ден/кг.

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување и тоа: на бензинот за 3,103 проценти, на дизелот за 5,626 отсто, на екстра лесното масло за 5,358 проценти, и на мазутот за 2,497 отсто .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,64 проценти.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk