Поголема социјална заштита на граѓаните, најави Костовски

05.10.2017 11:30 | KumanovoNews

Подобрување на социјалната заштита и решавање на проблемите на ранливите категории граѓани во општина Куманово, најави Ивица Костовски од ЛДП, кандидат за советник на советничката листа на коалицијата на СДСМ.

Поголема социјална заштита на граѓаните, најави Костовски

„Ќе се залагаме за помош и поддршка на децата на самохрани родители, адаптирање на постоечките објекти за децата со пореченост, стручно усовршување на кадарот во детските градинки и зајакнување на педагошко-психолошките служби во овие установи. Истовремено ќе се адаптираат постоечките објекти на лицата со попреченост со пристапна инфраструктура, социјална инклузија, сервисна служба, подршка на постоечките дневни центри и мали групни домови“, - истакна Костовски.

Тој додаде дека со помош на Министерството за труд и социјална политика планирано е да се отвори народна кујна, дневен престој за децата од улица, мобилни тимови за посета на стари и болни лица и отварање на Дневен центар за лица со церебрални парализа.

„Во процедура е изработка на нов закон за социјална заштита кој предвидува многу поволности за сите граѓани, кои се во незавидна положба и социјален ризик. Нашата цел е сите граѓани да имаат основни средства за егзистенција и достоинствен живот“, - додаде Костовски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk