Поголеми плати за вработените во здравството

08.01.2020 12:06 | KumanovoNews

Лекарите, медицинските сестри, здравствените соработници, младите лекари специјализанти и помошно техничкиот персонал од февруари ќе добијат зголемени плати, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Поголеми плати за вработените во здравството

„Има зголемување од 20 отсто за наставниот кадар, за лекарите специјалисти ширум државата е предвидено зголемување од 25 отсто, општите лекари – 15 отсто, медицинските сестри – 10 отсто, здравствените соработници – 5 отсто и исто толку проценти за помошно техничкиот персонал“, изјави Филипче.

Тој исто така додава и дека дежурствата, во овој момент се зголемени за 3-4 пати, а од февруари ќе бидат зголемени за 4-5 пати и дека на некои клиники заедно со дежурствата платата сега достигнува до 100.000 денари,  а дека од февруари на сите клиники платата ќе биде 100.000 денари.

Оваа одлука била донесена откако Министерството за здравство и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Синдикатот на Клинички центар постигнале договор за анексите на двата колективни договори, кој е потпишан неколку дена пред почнување со работа на техничката влада.   

    Министерот вели дека ова зголемување на платите е трето во последните две години, а четврто доколку се вклучи и зголемувањето на процентите за дежурства.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk