Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На градските гробишта во Куманово денеска беше погребан првоборецот Спирко Зафировски. Од Зафировски се прости Благе Јакимовски од општинскиот одбор на Сојузот на борци Куманово.
Тој говореше за животниот пат на Зафировски како борец, учесник во НОБ и неговата улога при ослободувањето на Куманово.
Нè красеше твојата несебична ангажираност и посветеност. Поради тоа и во повеќе наврати бевте претседател на организација и сега сте за што сме ви многу благодарни и секогаш ќе ве носиме во нашите мисли и спомени, како истраен другар и добар општественик. Многу ќе им недостасуваш и на твојата голема фамилија, како сопруг, татко , дедо, на своите синови, снаи, на твоите внуци и правнуци на коишто при секоја средба многу им се радувавте. Ќе им недостасувате на вашите роднини и пријатели. Вие сте современик на онаа бивша кралевска Југославија, кога почнавте да го изучувате занаетот и ги почувствувавте големите неправди. Доаѓа Втората светска војна во која зедовте активно учество како борец“-изјави Јакимовски.
Јакимовски потенцираше дека на 11 ноември 1944 година, со својата бригада Зафировски влегол во ослободено Куманово, но и активно се вклучил во изградбата на повоена Македонија и СФРЈ, извршувајќи повеќе функции. За своите заслуги има бројни медали, ордени и признанија.
На борецот последна почит му оддадоа роднините, пријателите, членовите на Сојузот на борци Куманово, претставници на АРМ, Советот на општина Куманово, Здружение на армиски и полициски ветерани и други.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk