Погребан полицаецот Станишевски

03.08.2016 10:28 | KumanovoNews

На гробиштата во населбата Карпош во Куманово вчера со највисоки полициски и државни почести беше погребан полицаецот Горан Станишевски.

Погребан полицаецот Станишевски

Од него се прости семејството, роднините, пријателите, колегите и голем број на граѓани на Куманово. Станишевски беше убиен во саботата навечер, на должност во населбата Средорек при приведување на лице со нарушено психичко здравје.

Униформираниот полициски службеник Горан Станишевски – Гошо  е роден на 20.10.1980 година во Куманово по завршување на средното образование во Куманово се вработува во елитната единица „ВОЛЦИ“, од каде од 2005 година е преземен за работа во МВР во Полициската станица Гошинце во РЦ „Север“. Во 2007 година се распоредува во ПС за ГК „Табановце“, од каде во 2009 година со Наредба се задолжува да извршува работи и задачи во Посебна мобилна единица во СВР Куманово, во 2012 година распореден е во Мобилната единица за прекуграничен криминал при Сектор за гранични работи и миграција.

Од 25.11.2013 година па до трагичниот ден професионално ги извршуваше работите и работните задачи на работно место Полицаец во ПС од ОН Куманово a истотака од 2015 година со Наредба беше припадник и на Посебната Единица на полиција (ПЕП).

Телеграми со сочуство до семејството Станишевски за прераната и  ненадоместлива загуба на Станишевски испратија министерот Митко Чавков и директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk