„Поклони радост“ хуманитарна акција за најмaлите во организација на „Спона“

19.12.2020 10:28 | KumanovoNews

 Културно-информативниот центар на Србите во Македонији - „Спона“, организира хуманитарна акција „Поклони радост“ за собирање на пакетчиња и парични средства за децата од социјално ранливите семејства.

„Поклони радост“ хуманитарна акција за најмaлите во организација на „Спона“

Акцијата ќе се одвива секој ден во кафулињата „Кафе бар Трговски“ во населбата Гоце Делчев и „Агора“ во трговскиот центар „Гарнизон“.

„Целта на оваа акција е да ја потикнеме хуманоста и емпатијата во локалната заедница. Оваа криза ги погоди сите граѓани, но сепак има доста хумани луѓе кои  можат да помогнат на тие што најмногу им е потребно. Затоа вниманието го посветуваме кон најмладите, кои посебно ќе се израдуваат на подароците и пакетчињата во празничните денови. Ги повикувам сите наши хумани сограѓани да се приклучат кон оваа акција и да помогнат со донирање на пакетчиња или парични средства во овие два локала. Верувајте ми, ќе се чувствувате пресреќно кога ќе знаете дека сте помогнале некому и сте израдувале некое детенце“, - вели Јадранка Ташевска, од Спона.

Таа додава дека се презадоволни од одзивот на граѓаните за акцијата и се надева дека тој тренд ќе продолжи и во наредниот период. Хуманитарна акција „Поклони радост“ веќе девета година се организира во Скопје, а за првпат во Куманово.

 (С.Н.)


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk