Полесен пристап до информации и услуги во Општината, најави Павловски

07.10.2017 12:15 | KumanovoNews

Кандидатот за советник од коалицијата на СДСМ Владимир Павловски, на денешната прес конференција најави полесен пристап до информации и услуги и онлајн поврзување на сите институции во општината Куманово, доколку ја освојат довербата на граѓаните на локалните избори.

Полесен пристап до информации и услуги во Општината, најави Павловски

 „Во време кога граѓаните поголем дел од своето слободно време го поминуваат во пребарување по информации на Интернет и на социјалните мрежи, неопходно е онлајн поврзување на сите јавни институции, со цел да се обезбеди лесна достапност на информации за услугите, информации за вработените, информации за работните процедури и директно преземање на документите преку Интернет. Со тоа ќе се скрати времето за одговарање на честите прашања и непотребни гужви пред шалтерите за барање информации“, - истакна Павловски.

Тој додаде дека сите јавни институции под надлежност на Општината Куманово, ќе се поврзат на сопствена веб страна заради приближување на институциите до граѓаните, лесна достапност на информациите и поголема транспарентност.

„Истотака ќе работиме на воведување на широкопојасен, стабилен Интернет пристап од слободните интернет зони на повеќе локации низ Куманово.Со цел секој граѓанин да може во секој дел од градот, кога е надвор од својот дом да има пристап до онлајн информации“, - додаде Павловски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk