Полицаец добил отказ, двајца инспектори казнети

11.08.2014 06:55 | KumanovoNews

Двајца инспектори од СВР Куманово се казнети парично, а еден полицаец добил отказ, затоа што направиле пропусти во работењето и не ги извршувале работните задачи.

Полицаец добил отказ, двајца инспектори казнети

На Љ.Љ. полицаец во Полициска станица од Општа надлежност Куманово, изречена му е мерка отказ, бидејќи постапил спротивно на правилата и прописите на Министерството и извршил дејствие што претставува кривично дело.

Л.С. виш инспектор за општ криминалитет, заработил парична казна, бидејќи не го почитувал работниот ред и дисциплина и не ги извршувал совесно работните обврски.

Поради истите причини парично е казнет и неговиот коплега И.С. самостоен инспектор за општ криминалитет.

Во текот на минатата недела поведени се 20 дисциплински постапки против вработените во МВР кои направиле пропусти во работењето и не ги извршувале работните задачи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk