Полицаец фатен како спие на работа

07.07.2014 09:20 | KumanovoNews

Полицаец од Куманово е казнет затоа што спиел на работното место.

Полицаец фатен како спие на работа

  На М.Н. дежурен полицаец во ПО Матејче, при СВР Куманово, изречена му е мерка распоредување две нивоа пониско, затоа што спиел додека бил на работа.

Во текот на минатата недела МВР спроведе дисциплинска постапка, при што донесе решенија против 37 вработени во Министерството, поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР.

Притоа, на триесет и еден вработен им е изречена мерка парична казна, на четири вработени мерка  - запирање на постапката и на двајца вработени мерка – распоредување две нивоа пониско.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk