Полицаец ja тепал сопругата додека не се онесвестила

31.01.2018 15:46 | KumanovoNews

Полицаец од СВР Куманово крвничка ја тепал сопругата додека не паднала во бесознание.

Полицаец ja тепал сопругата додека не се онесвестила

Семејното насилство се случило синоќа околу 20,30 часот во Куманово, во семејниот дом, кога В.Т. кој бил под дејство на алкохол започнал вербална расправија со неговата сопруга Н.Т.(31).

Потоа и физички ја нападнал, по што жената паднала во бессознание.

В.Т. е приведен, при што му бил одземен службениот пиштол, со две рамки и 30 куршуми. Веднаш е известен и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk