Полицаец лажирал белешка зa куќен притвор

11.04.2014 13:35 | KumanovoNews

Полицаец лажирал белешка дека кумановец издржува мерка куќен притвор, а тој во тоа време крадел.

Полицаец лажирал белешка зa куќен притвор

 Љ.Љ.(32) полицаец во Полициска станица Куманово во месец февруари годинава добил задача да изврши контрола дали З.С.,  издржува мерка куќен притвор. Тој без да провери изготвил белешка во која напишал дека лицето е во неговиот дом, а истиот ден З.С. извршил дело тешка кражба.

Против Љ.Љ. секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава за “фалсификување исправа“.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk