Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.М.(38) од липковското село Ваксинце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина и Б.М. (59) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.
Б.М. од Тетово , вработен во ОССУ „Гоце Стојчевски“, како училишен социлог во својство на одговорен наставник за вонредни ученици во училиштето, во повеќе наврати, своерачно, внел и запишал лажни податоци и невистинита содржина во педагошки евиденции за И.М, за текстилна струка, насока - предач, кои се воделе во ОССУ „Гоце Стојчевски“ од Тетово.
И.М., и покрај тоа што знаел дека сведителствата и дипломата за положен завршен испит кои му биле издадени во 2002 година, се лажни и со невистинита содржина, ги употребил како вистински и како доказ во правниот сообраќај и тоа кај Нотар од Куманово при заверка на истите.
Потоа тие документи ги употребил при засновање на работен однос на неопределено време по оглас од работодавецот МВР на РМ како Приправник полицаец во СВР Куманово сметано од 05.05.2003 година. Но документите ги употребил и во текот на сите понатамошни распоредувања во полициски станици, за што од МВР на РМ од 05.05.2003 година до септември 2017 година, по основ на право на плата, додатоци на плата по разни основи и придонеси му се исплатени 173 месечни бруто плати во точно неутврден износ, за кој износ го оштетил Буџетот на Р.Македонија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk