Полицаец повреден и еден приведен на протестот на ВМРО-ДПМНЕ на Табановце

20.12.2017 07:57 | KumanovoNews

 Еден полицаец е повреден, а едно лице е приведено во инцидентот што се случил на граничниот премин Табановце за време на синоќешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ.

Полицаец повреден и еден приведен на протестот на ВМРО-ДПМНЕ на Табановце

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ го посетија полицаецот во Кумановската болница и му посакаа што побрзо закрепнување.

Од полицијата информираа дека приведеното лице нападнало полициски службеник.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека станува збор за уште една злоупотреба на институциите во политички цели и обид насилно да се спречат протестите против политичкиот прогон од страна на хунтата на Зоран Заев, кој изминатиов период незаконски притвораше уметници, режисери, оперски пејачи, пратеници и.т.н прогласувајќи ги без аргументи за терористи.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk