Полицаец повреден со нож додека интервенирал при масовна тепачка во центарот на Куманово

30.07.2024 12:54 | KumanovoNews

Полициски службеник е повреден со нож, синоќа додека интервенирал при масова тепачка во  центрот на Куманово, пред згрдата на „Комитет“.

Полицаец повреден со нож додека интервенирал при масовна тепачка во центарот на Куманово

Шест лица се приведени во полициската станица во Куманово, поради масовна тепачка и нарушување на јавниот ред и мир.  

„Во 21.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Б.(30), Р.И.(41), Д.М.(23), Ф.А.(30), И.Б.(38) и Џ.С.(40), сите од Куманово, затоа што по претходна расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Во пресметката се вклучила и една малолетничка која употребила остар предмет со кој повредила полициски службеник при обид да интервенира. Лицата биле задржани во полициска станиca и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk