Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вработен во МВР се здобил со повреди при судир меѓу службено полициско возило и патнички автомобил „голф“ во центарот на Куманово.
Сообраќајната незгода се случила вчера околу 15:00 часот, на крстосницата меѓу улиците „11 Октомври“, „Доне Божинов“ и „Гоце Делчев“ во Куманово, a учествувале патничко возило „пежо“, сопственост на МВР, управувано од М.Т. (31), вработен во МВР, и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната Б.А. од Куманово.
Во незгодата, сопатникот во возилото „пежо“, О.А. (53) од Куманово, вработен во МВР, се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk