Полицајци даваа крв

04.11.2010 13:48 | KumanovoNews

 Вработените во СВР Куманово денеска организираа крводарителска акција. Се работи за редовна акција во која беа соберени над 30 крвни единици.

Полицајци даваа крв

Ние не сме само институција која е сервис на граѓаните, туку и хумани луѓе кои сакаме да помогнеме на болните лица и на оние на кои им е неопходна крвта.Одзивот на вработените е секогаш доста добар. Досега имавме двесетина дарители, а очекуваме до крајот на акцијата да дојдат  и преостанатите колеги-вели Виолета Богдановска, началничка во Одделот за превенција.

СВР Куманово годишно организира по три редовни крводарителски акции, а по потребите на Заводот на трансфузиологија се вклучува и во вонредни крводарувања.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk