Полицајци ја злоупотребиле службата

25.02.2016 13:05 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Г.Ѓ. (48) од Куманово-референт за Управни работи во Куманово и А.П. (44) од Куманово-самостоен советник за управни работи за Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. 

Полицајци ја злоупотребиле службата

 Против Г.Ѓ. била донесена правосилна судска пресуда-казна затвор во траење од три месеци за сторено кривично дело фалсификување или уништување на деловни книги и му бил врачен налог за упатување на извршување на казната. По ова истиот, искористувајќи ја својата службена положба, наместо да побара прекин на својот работен однос во МВР, тој на 05.01.2016 година сам се јавил на отслужување на казната затвор, а своето одсуство го покрил со користење на стар и нов годишен одмор. А.П. пак, со пречекорување на своите овластувања во книгата за евиденции на вработени, секојдневно го пишувала името Г.Ѓ. како и времето на наводното негово доаѓање во 08.30 и на наводното заминаување во 16.30 часот од работа. Исто така А.П. му го овозможила користењето и спојувањето на двата годишни одмори, а по однос на редовната евиденција за присуство на работното место за месец јануари 2016 година му овозможила и да му биде исплатена плата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk