Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пратеникот на СДСМ Максим Димитриевски тврди дека ноќеска бил вербално и
физички нападнат во кафана во Куманово додека славел роденден на
сопругата.
Нападот се случил во кафеаната „Палас“ во Куманово,кога неколку лица, меѓу кои и полицајци, под дејство на алкохол, прво го провоцирале, а потоа тргнале физички да се пресметаат со него.
Успеал да се одбрани, по што влегло обезбедувањето во локалот.
На местото на настанот била повикана полиција. На Димитриевски не му е познато дали некој е приведен по инцидентот, на кој биле сведоци сите присутни во кафеаната.
Од МВР велат дека кај нив ноќеска од вработен во кафаната е пријавен случајот и во билетенот е заведен како нарушување на јавен ред и мир.
Кумановската полиција работи на расветлување на случајот по што ќе
излезат со повеќе информации.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk