Полицајците позорникари се вратија на кумановските улици

01.02.2018 11:57 | KumanovoNews

На улиците во Куманово во иднина ќе патролираат полицајци-позорникари. Проектот  на МВР за враќање на т.н. маалски полицаец го промовираше министерот Оливер Спасовски, кој истакна дека позорникарската служба е од исклучителна важност, поради тоа што ќе ја зајакне врската помеѓу граѓаните и македонската полиција.

Полицајците позорникари се вратија на кумановските улици

„ Исклучителна важност во полициското работење има позорникарската служба во делот на ефективното работење, зближување со граѓаните во средината во која работи и градење на врската полицаец-граѓанин, којашто беше прекината. За да имаме безбедни градови, безбедни населени места, безбедни улици, мора да имаме полицајци коишто ќе бидат постојано во контакт со граѓаните, кои ќе ги знаат граѓаните и што ќе им се обраќаат за сите нивни потреби. И во делот на превентивата од исклучителна важност е позорникарската служба, бидејќи знаејќи ги луѓето и условите во коишто живејат и  работат превентивно ќе делуваат. Граѓаните ќе има на кого да му се обраќаат за сите негативни појави што им се случуваат во нивното опкружување“, - изјави Спасовски.

Во СВР Куманово има 17 позорни реони и ангажирани се 70 позорникари, кои ќе работат низ улиците на градот, но нивниот број ќе се зголеми во наредниот период.

Позорната служба или маалскиот полицаец наскоро ќе започне и во СВР Штип и СВР Битола, а ќе продолжи на територијата на целата држава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk