Полицијата ќе ги отстранува масите од тротоарите

12.06.2013 14:40 | KumanovoNews

Полицијата ќе ги отстранува масите на кафулињата кои без дозвола ги узурпираат тротоарите и јавните површини во градот.

Полицијата ќе ги отстранува масите од тротоарите

 Ова на денешната седница на Советот на Општина Куманово, го најави началникот на СВР Куманово Моме Јакимовски.

На некој ако му е дадена дозвола за 2 маси, тој поставил 10. Не може на тротоар некој да стави маса и да профитира, а да трпат граѓаните.  Имаме поплаки од граѓаните дека жени мораат да прескокнуваат нозе да мажи за да поминат по тротоар. - вели Јакимовски.

Тој најави дека локациите се прецизирани и акцијата наскоро ќе почне.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk