Полицијата ги одзема возилата што се технички неисправни и нерегистрирани

22.01.2021 10:52 | KumanovoNews

Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кој стапи на сила на 26. декември 2020 година, полициските службеници ги одземаат возилата кои се технички неисправни или учествуваат во сообраќајот со измината важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.

Полицијата ги одзема возилата што се технички неисправни и нерегистрирани

„Полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена. Доколку биде утврдена техничка неисправност на возилото која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена. Во рок од 72 часа од моментот на одземањето, сообраќајната дозвола или регистарските таблици се доставуваат во местото каде што возилото се води во евиденција“, - соопштува СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk