Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Б.А.(19), државјанин на Р. Германија, по потекло од Прешево-Р.Србија синоќа е застрелан на во пределот на градниот кош на свадбена веселба во селото Липково.
Убиството се случило околу 22,45 часот, додека седеле во дворот од куќата сопственост на З.Ш.(51) од с.Липково, А.Ш.(63) од с.Липково извадил пиштол кој го поседувал без дозвола и испукал три куршуми, од кои еден проектил го погодил Б.А.
Повредениот во критична состојба со прострелна рана во пределот на левата страна на градниот кош во 23.30 часот е донесен во Кумановската болница, каде од задобиените повреди починал.
По наредба на Основно јавно обвинителство Куманово телото на починатиот е предадено на Институт за судска медицина за обдукција.
А.Ш. е лишен од слобода и задржан во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk