Полицијата не ги пушти стечајците на патарината Романовце- протестираа на влезот во Куманово

09.09.2016 12:03 | KumanovoNews

Стотина стечајните работници од Куманово, денеска еден час го блокираат влезот и излезот на градот, откако полицијата не им дозволи да заминат на наплатната рампа Романовце.

Полицијата не ги пушти стечајците на патарината Романовце- протестираа на влезот во Куманово

Во 9 часот стечајците тргнаа од седиштето на Здружението УНИТ во центарот на Куманово и пеш стигнаа до излезот на градот, каде ги пречека големо полициско обезбедување.

„Ни беше кажано да не се туркаме и да не им се спротивставуваме за да не дојде до некоја беља, практично, да не не тепаат. Застанавме овде и поради полицајците кои денеска се пред нас, бидејќи тие секогаш се толерантни кон нас. Во оваа држава има два аршина. Ние бевме повикани во полициската станица каде ни беше укажано дека правиме кривично дело ако одиме да протестираме на патарината. Јас не согласувам со тоа објаснување, бидејќи протестот е уредно најавен, а секој граѓанин има право да го изрази своето незадоволство, - вели стечајката Љиљана Георгиевска, претседателка на Здружението УНИТ.

Георгиевска ја повика власта и опозицијата конечно да се договорат за решевање на нивниот статус и за обешететување на стечајните работници.

Протестот помина без инциденти, се прошуштаа само службените возила на државните институции, а возилата што доаѓаа од Скопје и Табановце беа преусмерувани на алтренативните патишта.

Георгиевска најавува дека во наредниот период ќе ги интензивираат нивните активности и наредната недела ќе организираат марш на релацијата Куманово-Скопје.

Во Куманово има 1250 стечајни работници, а во 2014 година биле 2670 луѓе. За неполни 2 години над 700 починале, останатите отишле во пензија или се вработиле. Повеќето се со сериозни здравствени проблеми и немаат пари редовно да се лекуваат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk