Откриени неправилности кај 4 возила кои вршат јавен превоз на патници во Куманово

01.12.2021 19:32 | Сузана Николиќ

При денешната контрола на техничката исправност на возила што вршат jавен превоз на патници во Куманово,  кај четири од нив се откриени непревилности на светлосната сигнализација и недостаци на опрема. Со акцијата биле опфатени 18 возила на приватните превозници.

Откриени неправилности кај 4 возила кои вршат јавен превоз на патници во Куманово

„Денеска во периодот од 08.00 до 11.00 часот на подрачјето на СВР  Куманово спроведена e акциска контрола за санкционирање на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Притоа биле исконтролирани 18 возила, а биле утврдени 4 неправилности кои се соодветно санкционирани. Од нив 2 за неисправни светлосно-сигнални уреди и 2 за недостатоци на опрема“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk