Полицијата потврди дека имало експлозија покрај станицата

10.12.2014 08:44 | KumanovoNews

Експлозивна направа е активирана покрај полициската станица во Куманово синоќа во 20.35 часот, потврдуваат од кумановската полиција.

Полицијата потврди дека имало експлозија покрај станицата

Синоќа во 20.35 часот имаше детонација на улицата Тодор Велков. При тоа е оштетено едно возило. Извршен е увид на лице место од екипи на СВР Куманово и ОЈО. Не се работи за фрлена бомба кашикара, а вештачењето ќе покаже за каквo експлозивно сретство станува збор- изјави за Кумановоњус Валентина Николовска, портпарол на  СВР Куманово.

Неофицијално, експлозивната направа била подметната во шахта пред гаражите на полицијата, од задната страна на полициската станица. Од МВР ќе соопштат повеќе детали за целиот случај во текот на денот.

 На улицата Тодор Велков сеуште трае увидит и затворена е за движење .

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk