Полицијата растури семејна веселба во Лопате, имал 30 гости и пукал со оружје

27.12.2020 19:53 | KumanovoNews

 Во СВР Куманово, вчера било пријавено дека В.Б.(25) во својата семејна куќа во с. Лопате, организирал семејна веселба и пукал со оружје.

Полицијата растури семејна веселба во Лопате, имал 30 гости и пукал со оружје

Полициски службеници од СВР Куманово во координација со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, каде затекнале околу 30 гости, а пронајдени се и чаури.

Поради постоење на основано сомнение дека В.Б. сторил кривични дела „непостапување според здравстеви прописи за време на епидемија“ по член 206 и „предизвикување општа опасност“ по чл. 288 од КЗ, по целосно документирање на случајот до надлежното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk