Полицијата санкционирала 78 возачи, 46 возеле пијани, 32 без дозвола

28.10.2019 15:00 | KumanovoNews

Во текот на изминатата недела (21-28.10.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 67 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 78 возачи, 46 возачи кои управувале под дејство на алохол и 32 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Полицијата санкционирала 78 возачи, 46 возеле пијани, 32 без дозвола

Од сообраќај се исклучени 24 возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се и седум возачи  поради некористење сигурносен појас, 31 поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило, 15 поради престигнување и двајца возачи поради непрописно престројување.

Во текот на изминатата недела издадени се 358 мандантни платни налози, 96 прекршочни платни налози и 59 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk