Полицијата трага по убиецот, најден само автомобилот

29.07.2015 15:41 | KumanovoNews

Синоќа е пронајден напуштен автомобил во липковското село Никуштак за кој се претпоствува дека е на Беќир, кој најверојатно пребегал во Косово

Полицијата трага по убиецот, најден само автомобилот

Полицијата сеуште трага по 35-годишниот Беќир Н. од Витина Косово, со привремен престој во Швајцарија, кој вчера го уби таткото и го рани братот на неговата поранешна сопруга во кумановската населба Тоде Мендол.  Истата вечер во липковското село Никуштак пронајден е напуштен автомобил за кој се претпоствува дека е на Беќир, но од Кумановската полиција велат дека сеуште не е утврдено дали возилото е на осомничениот. Се претпоствува дека тој откако ја извршил крвавата пресметка пребегал во Косово.

Според роднини на семејството, повредениот Аднан. Н. вчера е оперериран на една од скопските клиники и неговата здравствена состојба се уште е критична, додека убиениот Риза, денеска е погребан на муслиманските гробишта во Куманово.

На убиството во Тоде Мендол и предходела расправија помеѓу поранешниот зет и семејството на сопругара, бидејќи тој сакал со себе да го земе седумгодишниот син. Откако не се договориле Беќир извадил пиштол и почнал да пука кон нив. При тоа смртно го ранил дедото а го повредил шурата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk