Полицијата уште ги бара крадците што побегнаа

11.04.2011 13:05 | KumanovoNews

 Тројцата приведени кумановци што пред 2,5 недели побегнаa од полициската станица Куманово, сеуште не се најдени. Од полицијата велат дека интензивно работата на нивно откривање, но засега без резултати.

Полицијата уште ги бара крадците што побегнаа

Е.З.(19), Н.А.(18), Р.С.(19) и С.А.(19) сите Албанци од Куманово, биле приведени под сомнение дека се сторители на тешки кражби. Додека биле затворени во една од просториите на приземјето успеале да ја скршат бравата на вратата, и незабележано да излезат на еден од споредните влезови. Веднаш по бекството полицијата го пронашла само С.А..

 Приведените и биле познати на полицијата како сторители кривични дела за недозволено изработување, држење и тргување со оружје, и неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk