Полицијата вмешана во транспортот на азиланти

04.03.2010 10:04 | KumanovoNews

 Вработени во СВР Куманово соработувале со агенциите што ги превезувале азилантите во Белгија, а пасошите ги давале „под рака„ за 500 до 1000 евра по човек

Полицијата вмешана во транспортот на азиланти

 Министерството за внатрешни работи се сомнева дека вработени во Кумановската полиција стојат зад транспортот зад азилантите во Белгија и дека тие издавале пасоши „под рака„ за што земале од 500 до 1000 евра по човек- објавува  весникот „Време„.

 Полицијата веќе почнала да го испитува случајот во соработка со српската полиција откако  утврдила дека истите луѓе се вклучени во превозот на азилантите од регионот на Јужна Србија и Косово.

 За полицијата било симптоматично и тоа што покрај построгата контрола  врз туристичките агенции од кумановскиот регион, бројот на луѓето што патувале во Брисел постојано се зголемувал, а растел и бројот на издадени пасоши. Но и покрај полициската акција и многуте апели од земјава и странство, патувањата од Липково продолжиле. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk