Полицијата во акција да разбие вооружена група во „Тоде Мендол„

09.05.2015 06:09 | KumanovoNews

По претходно добиени оперативни сознанија дека во населбата "Тоде Мендол" има вооружена група, МВР утринава започна акција за нејзино разбивање.

Полицијата во акција да разбие вооружена група во „Тоде Мендол„

 Акцијата започнала околу 5 часот, а пресметката на полицијата и членови на групата се одвивала во близина на амбулантата. Покрај полициските специјалци, во акцијата биле вклучени и полициски хелихоптери. При тоа била запалена и една куќа. Пукањето ги вознемири граѓаните.

Не разбуди пукања. Се слушааа и рафали. Не знаеме за што се работи, но многу е страшно, - кажуваат граѓаните.

Веднаш по започнување на акцијата блокиран е делот на градот над Зелениот пазар, а на улиците во Kуманово се под големо полициско обезбедување. Поради прекинатиот сообраќај не работат фабриките во тој дел од градот.

Неофицијално се зборува дека има повредени полицајци кои биле пренесени во Кумановската болница.

Од МВР апелираат граѓаните да останат мирни и најавија повеќе информации за во текот на денот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk