„Полицијата во служба на граѓаните“-свеченост во Крива Паланка за Денот на полицијата

30.04.2022 21:30 | Сузана Николиќ

Под мотото „МВР за граѓаните“, денеска, на Градскиот стадион во Крива Паланка се одржа свеченост по повод Денот на македонската полиција- 7 Мај, со која се демонстрираше концептот „Полицијата во служба на граѓаните“. 

„Полицијата во служба на граѓаните“-свеченост во Крива Паланка за Денот на полицијата

Целта е полицијата да биде заедно со граѓаните и да се демонстрира партнерството започнато во 2017 година, кое во континуитет се унапредува.

Преку показни вежби на Единицата за брзо распоредување и Одделот за заштита на определени личности и објекти, со прелет на хеликоптер над градот, боречки вештини и техники за самоодбрана, граѓани можеа одблизу да се запознаат со работењето на полициските служби, нивните задачи, униформи, опрема и се што значи унапредување на капацитетите на полицијата.

Во настанот најмногу уживаа најмладите кои имаа можност да влезат во полицискиот хелихоптер и да ги следат атрактивните вежби, како и опремата на македонската полиција.

На свеченоста во Крива Паланка присуствуваше директор на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, а свечености беа одржани и во Струмица, Струга, Велес и Крушево.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше дел од свеченоста воСтрумица од каде порача дека главниот приоритет е задоволна полиција за безбедни граѓани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk