Полициска акција на Табановце, патници чекаат со часови да ја поминат границата

25.12.2022 21:48 | Сузана Николиќ

На граничниот премин „Табановце” во тек е акција на Министерството за внатрешни работи и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Полициска акција на Табановце, патници чекаат со часови да ја поминат границата

„Во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваме заедничка акција на ГП Табановце. Утре ќе имаме детали“, е краткиот одговор од МВР.

На граничниот премин Табановце се чека повеќе од три часа за влез во државата, информираат граѓани кои се заглавени на преминот. 

Тие велат дека со часови не бил пуштен ниту еден автомобил и дека немаат никаква информација што се случува.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk