Полициска акција во Липково и Арачиново

26.03.2016 10:20 | KumanovoNews

По полноќ завршила полициската акција во неколку села од липковскиот регион и  долж границата што е опфатена со кризната мерка поради мигрантската криза.

Полициска акција во Липково и Арачиново

Повеќе од два часа синоќа имало претреси во неколку липковски села и напуштени објекти на потегот кон граничниот појас.

МВР за денес најави официјални информации и детали за спроведените контроли.

Градоначалникот на Липково, Садула Дураку, синоќа тврдеше дека ситуацијата е мирна и дека не е вистина дека има вооружена група од Косово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk